Како треба да биде еднаквоста (правдата)

Енсар еф. Рахман (Имам во Центар жупа)

Нашата вера – Исламот, не учи дека сите луѓе се еднакви и рамноправни. Исламот не ни дозволува да правиме некаква разлика по меѓу луѓето. Ова се базира врз фактот дека Аллах (џ.ш.) сите луѓе ги створил еднакво, и им наредил да веруваат по ист пат и да го обожаваат само Него, без никаков оглед на нивната раса, националност и припадност. Според прописите на  Исламот сите луѓе имаат заедничко потекло и потоа сите прават една братска заедница.

Аллах (џ.ш) во Куранот вели: „О верници! Само заради Аллах бидете праведни судии, само заради Аллах бидете праведни сведоци, и да е нешто што ќе ти наштети тебе, на твојот татко, на твојата мајка и на твоите роднини, немој да се оддалечите од правдата, без разлика дали е богат или сиромав вие бидете праведни. Немој да кажуваш: оној е богат па можам да земам нешто од него! – и да се оддалечиш од правдата! – Или да кажуваш: он е сиромашен, нема ништо од него! – и да се оддалечиш од правдата. Немој такво нешто да направиш, зашто на овие две ситуации најблиску е Аллах. Немој за сопствен интерес да не бидеш праведен, да се оддалечиш од правдата. Ако го истриете зборот, се оддалечете од правдата, навистина Аллах гледа од кого што криеш„.

Од ваква исламска интерпретација не може никој да дава некаков приговор.  Ако се придржуваме при овие мисли, не би дошло меѓусебни незгоди помеѓу поединци и држави.

Аллах (џ.ш.) во Куранот вели:

„О луѓе! Ние ве створивме од еден татко и мајка. Ние ви дадовме да се јавувате во вид на разни племиња и народи, меѓусебно подобро да се запознаете. Најдобар меѓу вас е оној кој има добри дела„.

Во иста смисла  Пејгамберот Мухамед (а.с.) во еден хадис вели:

„Сите луѓе се  еднакви како забите во една уста„.

Почитувањето на човечкото достоинство е основ на рамноправноста. Затоа исламот забранува рушвет, не дозволува да има разлика меѓу луѓето. Исламот го смета човечкото достоинство како најголемо добро и не дозволува никому, на било кој начин, да го понижува неговото достоинство.

Аллах (џ.ш.) Во  Куран  вели:

„Ние го подигнавме достоинството на човекот, му дадовме да патува по земјата и плови по морето. Им снабдивме со вкусни јадење и ги створивме многу подобри од сите суштества„.

Човекот е потполно слободен. Никој нема право да му ја зема слободата и да го поништува. Тој има само еден Господар, тој е АЛЛАХ (џ.ш.) Човекот со појавувањето на светот донесе слобода и никој не може да  му ја одзема.

Во рамноправните односи главниот елемент е правдата. Наумено е принципот на правдата да биде по сите закони еднакви. Аллах (џ.ш) во Куранот вели:

„Кога ќе судите и управувате со луѓето, да се држете кон правдата и праведно да управувате„.

Во друго место Аллах (џ.ш.) во Куранот вели:

Кога ќе судиш, суди им со правда, бидејќи Аллах ги сака правите луѓе. Мрсност кон еден народ да не те спречува да бидеш неправ кон него. Биди прав! Тоа ќе те зближи до твојот Господар. 

За крај, нашиот Пејгамбер, Мухаммед (а.с.) во еден хадис вели:

„Чувајте се од неправдата бидејќи неправдата носи темнина на судниот ден„.

Го молиме Господ да бидеме поштени и праведни бидејќи ако од оваа се оддалечиме ќе направиме грев кон Аллах и кон луѓето.

01.03.2021