Месец Реџеб е Аллахов месец

Зеќир Еф. Садикоски

“ Навистина бројот на месеците кај Аллах е дванаесет, сметан по Книгата Аллахова од денот кога ги создаде небесата и Земјата. Четири месеци од нив се свети. Ете, тоа е вистинската вера. Па, во тие месеци не нанесувајте си зло самите себеси ( не грешите)…” ( Ет – Тевбе , 36 ).

Се наоѓаме во хиџретскиот месец Реџеб. Тој е седмиот месец од нашиот хиџретски календар. Тој е еден од светите месеци ( Ешхурул Хурум ). Другите три се Мухарем, Зул Ка,де и Зул Хиџџе.

Добрите дела во овие месеци повеќекратно се наградуваат, а лошите повеќе кратно се казнуваат.  Од ова произлегува дека во овие месеци е потребно да ги подобриме нашите зборови и нашите дела. Мушриците (предисламските арапи, долопоклониците) во овие месеци ги запирале војувањата, тоа го потврдил и Кур,анот и хадисот на Аллаховиот пејгамбер кога зборуваат за нивната светост.

Целта на истото е во тоа за да може во мир да се обави умра бидејќи месецот Реџеб е оној месец во кој е највредно обавувањето на помалиот хаџ, односно Умра и поради тоамесец реџеб  и го добил статусот на свет месец.

Во овој месец ние треба да настојуваме нашите дела да ни бидат посветли а јазикот потивок, бидејќи речено е дека:   

  • На човека подобро е да го гаѓаш со пушка одколку со јазик бидејќи пушката понекогаш промашува додека јазикот  никогаш не промашува стално погаѓа.
  • Во него е Лејлетул – Регаиб ,  која уште се нарекува Ноќта на желбите, ноќ во која било предвидено доаѓањето на последниот Аллахов пејгамбер, ноќ која што секогаш паѓа во првиот Четврток од месецот Реџеб.
  • Месецот Реџеб е посебен уште по нешто а тоа е она што во него се наоѓа 27 ноќ Лејлетул  Мираџ, ноќ во која што Аллаховиот пејгамбер Мухаммед с.а.в.с. го доживеал возвишеното патување, т.е. воздигнувањето до границите кои им се непознати на луѓето. (за оваа ноќ Ин ша Аллах поопширно ќе зборуваме наредна прилика).
  • Во овој месец препорачано ние да го појачаме нашиот ибадет со често донесување салавати, спомнување на Аллах џ.ш. со зикр, клањање нафиле намаз, особено, Салатул Лејл, клањање ноќен намаз и нафиле постот.

Аллах џ.ш. рекол : “ Споменувајте Ме а и Јас ќе ве споменувам; бидете Ми благодарни и немојте да не верувате (Бекаре 152) فَٱذۡكُرُونِىٓ أَذۡكُرۡكُمۡ وَٱشۡڪُرُواْ لِى وَلَا تَكۡفُرُونِ

 Мухаммед с.а.в.с. рекол : “ Два рекати ноќен намаз (Салатул – Лејл ) подобри се од овој свет и сите добра на него. Кога на мојот уммет не би им било тешко, јас тоа строго би им го заповедал. “ (Муслим ) Мухаммед с.а.в.с. исто така рекол: “ Најблиски луѓе на кијаметскиот ден ќе ми бидат оние кои што донесувале салават на мене . “ ( Муслим и Тирмизи )

Зборувајќи за важноста на постот од месец Реџеб имами Газали наведува уште неколку работи  па се вели:

  1. Кој доброволно испости еден ден од месец реџеб ќе има награда како да постил  една година.
  2. Кој доброволно испости два дена од месец реџеб  наградата не ќе  може да ја опише се што е на небо и земја.
  3. Кој доброволно испости три дена од месец реџеб ќе биде одалечен за 70 години пешачки пат од џехеннем.
  4. Кој доброволно испости четири дена од месец реџеб тој ќе биде сочуван од разни белаи несреќи и болести.
  5. Кој доброволно испости седум дена од месец реџеб пред него се затвараат 7 џехеннемски врати.
  6. Кој доброволно испости осум дена од месец реџеб пред него се отвараат 8 џеннетски врати.
  7. Кој доброволно испости десет дена нему ќе му биде исполнета секоја побарана молба, желба од Аллах.

Исто така се вели дека:Во џеннетот постои река, која се вика реџеб, побела е од млеко и послатка од меотд. Кој ќе испости еден ден од месецот Реџеб, Возвишениот Аллах ќе го напои со водата на таа река.” ( Ел – Бејхеки )

Има повеќе примери  во врска со постот од месец Реџеб:

Примерот со една многу богата жена која имала обичај во месец реџеб 12000 пати го проучи сурето Кулхуваллах, таа иако била толку богата сепак скромно живеела на овој свет и скромноста му го оставила во аманет на нејзиниот син кога ќе умре скромно да ја закопа,  но кога таа се преселила на ахирет синот како не би се посрамотел пред народот тој сепак скапоцено ја закопал така што првата ноќ по закопот му се сонило да ја откопа и да и го извади  се што и ставил,  но кога отишол го отворил гробот и видел празен гроб без човечки  труп тогаш од некаде му дошол глас: Оние кој во месец Реџеб му се покорни на Аллах  ним не им  е местото во гробот туку нивно место е Џеннет.

Значи во овие бурни времиња, на муслиманот му останува да упатуваме Дови на Аллах џ.ш.,  и да бараме од Него да ги опсипи сите муслимани со својата милост во светот, да не бидеме од оние верници кои што времето ќе го поминуваат во бесмислици и глупости, туку во сериозни и корисни работи за сите муслимани.

Затоа во оваа ноќ убаво е да се клања најмаку од 2 до12 рекаати измеѓу Акшам и Јација така што на првиот рекаат после Фатиха да се проучи Инна ензелна 3 пати и на фториот рекаат после фатиха Кулхуваллаху 12 пати. На крај намазот се учи Дова и потоа е 10 пати се прави теубе истигфар

С. Могорче, Дебар, 17 фебруар 2021.