Човештвото има потреба да живее според системот на мравките

Нихат еф. Исеиноски

Имам во Долно Косоврасти – Дебар

Неопходно е за човекот да чита, истражува но и воедно да го анализира она што прочитал, во овој контекст ќе ги наведеме зборовите на Алија р.а. каде што вели: ,,Читање без размислување е губење на време”. Затоа ние како човечко суштество кои сме одберени со разум треба да црпиме поука во убавите примери.

Во Куран постојат поглавја кои носат имиња на животни,(Бекаре – Крава, Нахл – Пчели, Немл – Мравки),она кое што е специфично во светот на мравките е тоа што тие живеат во организираност, дисциплина и ред. Но и Аллах мравките ги нарекол “ уммет” заедница која го слави на Аллах.

„И кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: О мравки, влезете во живеалиштата ваши бидејќи ќе ве прегазат Сулејман и војската негова, незнаејќи!“ (Немл,18)

Коментаторите на Куран велат дека ова мравка која ги извести на своите мравки беше чувар, па им рече: „О мравки, влезете во живеалиштата ваши… Во денешно време ние имаме голема потреба да живееме во еден колективен систем, во систем како на мравките, прекрасен успех постигнал човек кој се грижи за своите сограѓани.

Во горенаведениот ајет напоменавме и дека мравката рече: … бидејќи ќе ве прегазат Сулејман и војската негова, незнаејќи!“ мравката ги предупреди на своите мравки дека Сулејман а.с. и неговата војска може да ги повредат, но ќе не повредат бидејќи тие се мали и нема да ги забележат. Со ова сакаше да ни докаже дека Сулејман е праведен владар, но и ни испрати порака дека секој кој не поучува со добро, тоа добро еден ден ќе резултира со големи успеси.

Зборот “насихат,, е арапски збор што во превод значи “сито,, – она што е чисто поминува низ него, но еден дел останува на површина. Секој пејгамбер на својот народ му рече: Јас сум вашиот советувач. Сите пејгамбери, сите учени луѓе кои го советуваат народот свој, го советуваат бидејќи го сакаат чистото за нив.

27.02.2021