Пази што сееш во своето срце

Орхан еф. Зенго

Сакајте се во името на Аллах џ.ш. Нека помеѓу вас има секогаш љубов. Таа љубов нека биде само заради Аллаховото задоволство, искрено во Негово име. Тогаш вас ќе ви се спушти Аллаховата милост. Ако помеѓу вас постои љубов во името на Аллах, Тој над вас ќе ја спушти својата милост.

Аллах џ.ш. ги создаде сите луѓе и бара од нас да меѓу себе се сакаме. Никого од луѓето Господарот не го создаде без причина и без некоја цел и секој еден од нив Нему му е драг и сакан. Токму поради ова што Аллах го сака секој човек, бара од нас да и ние се сакаме.

Не е до нас да судиме за луѓето, тоа е ексклузивно право на Аллах. Возвишениот Аллах е Оној кој создава и одлучува и само Тој има право да суди. Тоа што му прилега на еден човек, еден Аллахов слуга, е да го прифати овој факт и да се однесува сходно со тоа, да не бара никаква грешка и недостаток во Аллаховото здание, затоа што тоа не постои.

Научи да ги сакаш сите луѓе онакви какви што се. Не истражувај ги нивните грешки, недостатоци. Ако ги погледнеш на убав начин, ќе го видиш тоа што е убаво во нив. Што и да сакаш во името на Аллах тоа тебе ќе ти биде од корист.

Ова љубов тебе тие повеќе од потребно, за да го очистиш своето срце и да ја поправиш својата душа. Прво треба да почнеш од твоите најблиски, од својот брат, сестра, роднини, потоа твоите колеги, пријатели и сите луѓе во општо. А ако сакаш да истражуваш нечии грешки, тогаш истражи ги своите, затоа што ако претпазливо го погледнеш себеси и своите грешки, нема да имаш време за грешките на другите луѓе. Сите ние имаме многу недостатоци, но ти пресметај се со своите и немој да гледаш во грешките на другите. Кај другите луѓе настојувај да го гледаш тоа што е убаво, достоинствено. Ова е тајната која ја привлекува Аллаховата милост на себе.

Така како што ти се однесуваш со луѓето околу себе, така и Аллах џ.ш. ќе се однесува кон тебе. Ако ти немаш милост кон другите, немој да се надеваш на Аллаховата милост кон тебе. Ако ти се ни толерантен кон другите, не очекувај Аллах да биде толерантен кон тебе. Ако ги сокриеш нивните грешки, Аллах џ.ш. ќе ги сокрие твоите. Ако ги сакаш нив, Возвишениот Аллах ќе те сака тебе. Ако се лутиш на нив, Аллах џ.ш. ќе се налути со тебе. Господарот на сите зданија е Аллах џ.ш. Никој друг нема право да суди за никого. Тоа е Аллаховото право над луѓето. Кој ќе си земе за право да ги суди луѓето, кој за каде е, кој е лош а кој добар, ја надминал својата граница. Возвишениот Аллах тоа не го сака, затоа што тоа претставува мешање во Аллаховата одговорност. Човекот треба да се однесува во рамките на тоа што него му доликува и тогаш ќе најде рамнотежа и смиреност во себе. Затоа трудите се и придонесите да се зголеми љубовта меѓу вас.

Замисли го своето срце како едно големо поле во кое не смееш да го посееш семето на омразата. Запомни! Што и да посееш, еден ден тоа ќе никне, ќе го даде својот плод. Затоа вашето срце нека биде место на љубовта. Само тогаш ти ќе бидеш среќен, задоволен и смирен. Со љубов ќе ја постигнеш својата цел, ќе стигнеш до Аллах џ.ш.

Аллах џ.ш. да ни подари љубов меѓу себе. Во Негово име да се сакаме и да бидеме сакани од Него. Амин!

Дебар, 04.03.2021